Касата на актуелниот македонски фудбалски првак Вардар од денеска е „полесна“ за четврт милион евра. 

Имено како што информираа од клубот, ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра. 

Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од претходните сопственици, акционери и одбор на директори (период пред летото 2024 година).

„Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, се вели во соопштението на ФК Вардар.