Откако не успеаја да ја минат Украина и да се изборат за настап на Светското првенство годинава, нашата најдобра женска ракометна репрезентација, сега ќе ја чека ждрепката за следното Европско првенство што ќе се одржи во 2024 година.
ЕХФ го објави рангирањето по кое ќе биде извршена ждрепката, па Македонија се најде во вториот „шешир“ во кој се и селекциите на: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд, што значи дека со ним неможе да играме.
Жрепката ќе се одржи на 20 април во Цирих.
РАСПОРЕД НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ ПО САДОВИ ЗА ЖДРЕПКА ЗА ЕП
1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора и Хрватска.
2: МАКЕДОНИЈА, Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд.
3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција и Косово.
4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија
Пласман на Европско првенство ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група, како и четирите најдобро трето рангирани селекции.