Еурофарм Пелистер оствари нова убедлива победа во Регионалната лига. Тие вечерва пред својата публика го совлада Ловќен со 45-33.

Битолскиот состав уште од првата минута ја презеде целосната контрола врз играта и брзо замина на полувреме со висока предност од 24-15. Избранците на Лино Червар демонтираа уште еден ривал, запишувајќи ја највисоката победа во лигата досега.

Предводник на теренот повторно беше капитенот Филип Кузмановски, кој постигна 14 голови и поддели 5 асистенции. Во листата на стрелци се истакна и Хенингман со 10 гола, додека Атанасијевиќ додаде уште 7 погодоци.

Ломашниот стручен штаб ја искористи високата предност да им даде шанса и на новите засилувања, Басанезе, Котар, Белистојаноски, Калајџиески.

Следен натпревар за пелистерци дуелот со Дубочица , повторно на домашен терен во Битола, закажан за 31 август.

Следете нé на социјалните мрежи