Женската ракометна репрезентација на Македонија и во третиот свој настап на Медитеранските игри претрпе пораз.
Откако загубија со пресврт од Грција (25-31), па беа декласирани од Тунис (11-42), денеска нашите млади ракометарки се поразени и од Алжир 23-37.
Беа рамноправни во воведните осум минути кога резултатот беше израмнет 5-5. Потоа следуваше серија од пет гола на противникот, на кои нашите ракометарки немаа одговор. Затоа Тунижанките уште на полувремето заминаа со убедливи девет гола разлика (11-20). Тука веќе беше јасно дека Македонија ќе го претрпи, третиот пораз, па вториот дел беше само формалност.
Шанса да го поправат впечатокот, ракометарките ќе имаат во уште два натпревар. Првиот против домаќинот Италија во петок, а вториот, воедно и последен против Косово во сабота.






































