Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас и официјално го комплетираше својот трансфер во редовите на Аталанта. Тој во Бергамо пристигнува на едногодишна позајмица со право на откуп од РБ Лајпциг.
Ељиф го одбра дресот со број 99 во новиот клуб и веднаш се обрати до навивачите на тимот од Бергамо.
„Здраво на сите навивачи на Аталанта, многу сум среќен што сум тука и едвај чекам да се видиме на стадионот“, изјави Елмас во своето прво видео-обраќање.

Eljif ha un messaggio per voi 🤩🖤💙 pic.twitter.com/OkOE0sXELi
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 22, 2026
За засилувањето од Лајпциг, тимот од Бергамо плати позајмица од 2 милиони евра, со опција за комплетен откуп на договорот на крајот од сезоната.
Елмас добро ја познава италијанската Серија А, каде што претходно настапуваше за тимовите на Наполи и Торино. Неговиот нов клуб Аталанта сезоната ја започнува со големи амбиции на домашната и европската сцена.






























