Во рамките четвртото коло од женската ракометна Супер лига од плеј-офот, ќе се игра дербито меѓу екипите на Ѓорче Петров и Чаир.

Ова е натпревар меѓу првопласираните две екипи на табелата и главни фаворити за шампионскиот трофеј.

Иако на претходниот меѓусебен натпревар одигран во Купот на Македонија, екипата на Ѓорче Петров го доби Чаир со пет голови разлика 35-30, сепак на денешниот меч не очекува интересен ракомет, со резултатска неизвесност до последниот момент.

Натпреварот закажан со почеток од 20 часот. што ќе се игра во спортската сала „Христо Батанџиев“, ќе го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева.

Вчера својот меч од ова коло го одиграат Стружанка и Куманово, а натпреварот заврши со резултат 29-16 за гостинките.

Останатите два натпревари ќе се играат во вторник (18 април), а се среќаваат, Металург – Пелистер (15:30 часот) и Овче Поле – Вардар (20 часот)

ТАБЕЛА:
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 25 бодови
2. ЧАИР 21
3. КУМАНОВО 19 (+1)
4. ВАРДАР 16
5. МЕТАЛУРГ 13
6. ПЕЛИСТЕР 7
7. СТРУЖАНКА 4 (+1)
8. ОВЧЕ ПОЛЕ 3

Ивона Кимовска