Вардар вчера го загуби првото ново сезонско дерби со лутиот ривал Шкендија. И тоа не е никаков проблем, бидејќи загубил од тим што исто така има шампионски амбиции.

Сепак, начинот на кој вардарци беа посрамотени пред своите навивачи Комити, а пред се играта на теренот која ја демонстрираа е повеќе од очајна.

Реакциите во јавноста, за време и по натпреварот беа јасни, оставка на тренерот, но и првиот човек на Вардар.

Комитите порачаа „НИЕ СЕКОГАШ ЗА ТИМОТ, А ВИЕ ИЗГУБЕТЕ СЕ ВО ДИМОТ!“

По преспиената ноќ, утринава се јави и прозваниот Миленко Неделковски.

Тој пак одговори „ДВЕ (2) титули за помалку од 24 месеци. Не е лошо.“

Дека Вардар и вардарци ги чека долга сезона, се виде уште при настапот на европската сцена, кој го завршија по четири одиграни натпревари. прво скопските црвено-црни беа елиминирани во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и во Конференциската лига.

„Бензин“ на разгорениот оган беше дотурен по вчерашниот пораз, а веќе во следното коло, вардарци ги чека тешко гостување во Струга.