Новиот дом на РК Металург, салата Автокоманда е само дел од стратегијата која овој ракометен колектив ја има, пред се визијата за создавање на идни македонски репрезентативци, иако клубот и сега може да се пофали со голем број на играчи кои го носат црвено-жолтиот дрес на Македонија во повеќе категории.
Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Кога ќе го постигнеме тоа, ќе може да кажеме дека тоа е тоа што треба. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава Република Македонија, затоа што сметам дека тоа нешто е многу важно. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, мора да веруваме во Македонецот ако сакаме да направиме нешто како што треба
Мукаетов со посебна гордост зборуваше за развојот на проектот и најави убави денови за клубот и македонскиот ракомет.
Пред година дена започнавме проект на визија, важен за мак-ракометот, основна цел е да се регрутираат млади таленти кои ќе ги научиме на добри човечки вредности и да имаме раст на мак-ракометот. Основна идеја и цел е да го шириме нашиот проект. Почнавме пред една и пол година, но ова кое сега го гледате е едно прекрасно чувство на млади луѓе посветени на спортот. Посакуваме да изградиме систем во кој сите ќе се вклопат и човековите вредности и растот ќе бидат на прво место.