македонската кошаркарска федерација ќе ја продолжи традицијата и оваа календарска година ќе ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт на свеченоста која ќе биде организирана денес, 26. декември (понеделник) во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот.

Сите клубови во сениорските и во младинските лиги, членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФСМ, медиумите, и фановите, учествуваат во гласањето за избор на најдобрите во кошарката во 2022 година.

Ќе бидат поделени признанија во 18 категории и тоа:

-најдобар кошаркар
-најдобра кошаркарка
-најдобар млад кошаркар
-најдобра млада кошаркарка
-најдобра машка екипа (сениори)
-најдобра женска екипа (сениорки)
-најдобра машка екипа (младински лиги)
-најдобра женска екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на машка екипа (сениори)
-најдобар тренер на женска екипа (сениорки)
-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги)
-најдобар играч во 3×3
-најдобра екипа во 3×3
-најдобар кошаркарски судија
-најдобар македонски тренер во странство
-најдобар македонски играч во странство
-најдобра младинска репрезентативна селекција