Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров сега во улога на тренер на РК Алкалоид верува дека проектот на овој колектив ќе биде пример и за останатите клубови, не само во државата, туку и пошироко во регионот, како треба да се создава иднината.

Чест и привилегија ми е што сум дел од овој проект и што имам можност да работам како прв ракометен тренер во РК Алкалоид од СКОПЈЕ, Македонија. мислам дека сме прав пример не само за клубовите во Македонија, туку во регионот и тоа не само во овој спорт, туку и во сите останати. како што минува времето, треба да бидеме уште поквалитетни.

изјави Лазаров.

РК Алкалоид во деби-сезоната во Суперлигата обезбеди место во плеј-офот како втор, веднаш зад Вардар 1961 во групата и пренесува два бода.