Македонскиот ракометен првак Вардар ги информира навивачите, дека има промени во распоредот во ЕХФ Лигата на шампионите.

Домашниот натпревар од 2.коло против Нант, што ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, ќе започне во 18:45 часот. Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, претходно беше закажан за 15 октомври, но ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот.

Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со билетите и организацијата на домашните натпревари.

Останатиот дел од распоредот останува непроменет. Овде може да го видите, комплетниот распоред на Вардар во Лигата на шампиони.👇👇