Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години ќе се соочи со жестока конкуренција на Зонските квалификации за Европското првенство 2027 во Софија.
Нашите млади одбојкари од 25 до 29 август, ги очекуваат предизвикувачки дуели против селекциите на> Бугарија, Белорусија, Србија, Русија и Турција.
Турнирот ќе се игра по системот „секој со секого“, што гарантира пет квалитетни и исклучително тешки натпревари за македонските надежи.
Подговоvите за овој голем предизвик, националниот тим ќе ги започне на 5 август во Крушев,о под водство на селекторот Јован Шапе.
На списокот се најдоа 18 надежни одбојкари, од девет домашни клубови, кои ќе се борат за место во конечниот состав.
Распоред на натпреварите на Македонија:
25 август, вторник | Македонија – Бугарија 17:30 ч.
26 август, среда | Македонија – Белорусија 15:00 ч.
27 август, четврток | Македонија – Србија 15:00 ч.
28 август, петок | Македонија – Русија 20:00 ч.
29 август, сабота | Македонија – Турција 17:30 ч.



































