А, утре со натпреварот во Кавадарци во кој Тиквеш ќе го пречека составот на Арсими ќе почне новата 35-та сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Шампионскиот трофеј ќе го бранат фудбалерите на Вардар. Нивни најголеми ривали како и лани се очекуваа да бидат тетовци, односно екипата на Шкендија. Секако во борбата за трофејот ќе се втурнат и кратовски Силекс како и екипата Струга Трим Лум.

Тоа впрочем беше квартетот на тимови кои лани ги освои првите четири позиции на табелата.

Повратници во прволигашката конкуренција се штипска Брегалница и по подолги години тимот на Скопје од Автокоманда. Единствениот дебитант е составот на арачиновска Шкендија.

Сезоната ќе се игра по нов систем, ќе брои десет тима, а предвидено е да трае до крајот на месец мај.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б