Фудбалерите на тетовска Шкендија, вечерва ќе го играат третиот натпревар на европската сцена. Во дуел од второто квалификациско коло на Конференциската лига, Шкендија гостува во Љубљана кај тимот на Браво.
Тетовци лесно ја минаа првата пречка во ова натпреварување, гибралтарски состав на Европа. Сега, ќе имаат далеку посериозен противник во словенечкиот тим.
Тоа му е јасно и на тренерот Артим Положани кој потенцираше дека секоја наредна рунда носи зголемени поред извици.
„Мора да бидеме 100% подготвени од првата до последната минута за првиот меч што нè очекува овде во Словенија. Неопходно е да имаме добро издание, со оглед на тоа што се работи за силни натпревари.
Браво е квалитетен тим, ги анализиравме и ќе се обидеме да одговориме соодветно.
Мислам дека од првиот до последниот мора да го дадеме максимумот, со надеж дека ќе стигнеме до позитивен резултат”, изјави тренерот на Шкендија, Артим Положани.
Правдата на натпреварот што ќе се игра на стадионот „Стожице“ во Љубљана, а кој ќе почне од 20.45 часот, ја дели судиска екипа од Финска, предводена арбитар Јони Хитиа.



































