Ракометниот клуб Алкалоид ги стартува подготовките за новата сезона. Тренерот Кирил Лазаров екипа ја имаше првата прозивка во „Автокоманда“.

На првиот собир, ракометарите ги поздрави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје и им посака пред сѐ здравје и успех во новата сезона. А, во неа, Алкалоид ќе се натпреварува на четири фронта.

ФОТО: Фејсбук РК Алкалоид

Покрај домашното првенство и Купот на Македонија, Алкалоид ќе игра и во новоформираната Регионална лига со екипи од Србија и од Црна Гора,. На меѓународната сцена тимот од Автокоманда ќе игра и во ЕХФ Европскиот Куп ко кој беше победник во сезоната 2024/2025.

Подготовките на Алкалоид ќе се одвиваат во три дела. Првиот дел е воведниот во тренажниот процес и ќе се реализира во Скопје. Потоа од трети август екипата ќе замине на подготовки во Маврово, по што во последната фаза, подготовките ќе бидат финализирани со контролни натпревари