Сеуште не се стивнати емоциите од полуфиналните мундијалски дуели, а Франција и Англија вечерва ќе мора да одработат нов меч.
Имаа амбиции да играат во последниот, финален натпревар, но двете репрезентации ќе мора да се утешат со дуелот за третото место.
Французите беа поразени со 2-0 од Шпанија во полуфиналето во натпревар во кој беа целосно надиграни. Англија претрпе болен пораз од Аргентина со 1-2. иако имаше водство до самиот финиш. Дуелот меѓу старите ривали затоа носи со себе не само борба за бронзениот медал, туку и за национална гордост.
Овој натпревар ќе има посебен емотивен за Триколорите, бидејќи ќе биде последниот на клупата за селекторот Дидие Дешамп. По 14 години, една титула светски шампион (2018), едно финале (2022) и 187 натпревари на чело на националниот тим, Дешамп се збогува со репрезентацијата.
Мбапе, Кејн Белингам во трка по Меси
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, со Липонел Меси е во трка за признанието најдобар стрелец. Во моментот двајцата фудбалери имаат по 8 постигнати голови. Со оглед на тоа што асистенциите се сметаат како дополнителен критериум, на Мбапе му е потребен барем еден гол за да ја обезбеди престижната Златна копачка.
Од друга страна, англискиот тандем Хари Кејн и Џуд Белингам, постигнаа по шест гола, па и тие имаат теоретска шанса да го освојат првото место со спектакуларен настап.
Покрај борбата за најдобар стрелец, во прашање е уште еден рекорд. Францускиот плејмејкер Михаел Олисех досега има регистрирано пет асистенции и му треба уште една за да го израмни рекордот на легендарниот Пеле за најмногу асистенции на едно Светско првенство.
Сепак, колку мотив ќе најдат фудбалерите на двете репрезентации, останува да видиме во дуелот што ќе се игра во Мајами, а ќе почне од 23 часот.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|






























