Машката селекција на Македонија за кошаркари до 20 години, попладнево ќе го игра претпоследниот натпревар во Б Дивизијата на Евробаскетот.

Македонските младинци во дуел за пласман од 9 до 12 место за противник ќе ја имаат селекцијата на Холандија.

Македонија врза две победи во низа против Азербејџан во групната фаза и вчерашната убедлива над Грузија со 35 разлика.

Тие триумфи секако се мотив плус за избраниците на селекторот Никола Велев победнички да ги одиграат и последните два меча на евробаскетот.

Денешниот дуел против Холанѓаните се игра во терминот од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.👇

Победникот од овој натпревар утре ќе игра со подобриот од дуелот БиХ Азербејџан за 9 место, а поразените ќе играат за 11-тата позиција во конечниот поредок.

Следете нé на социјалните мрежи