Репрезентацијата на Аргентина, актуелниот свески првак, е вториот финалист на Мундијалот.
Во вториот полуфинален дуел, Аргентина со голем пресврт славеше победа над Англија со 2-1.
Натпревар како впрочем и се очекуваше одиграа овие две репрезентации. Брз, борбен, со голем број на стартови и картони. Сепак во првиот дел немаше ниту една сериозна шанса за гол па затоа на полувреме се замина со почетниот резултат 0-0.

Првата сериозна шанса ја видовме на стартот на вториот дел. Хулијан Алварез во два наврати биеше кон англискиот гол, но Пикфорд успеа да одбрани.
Во 55-тата минута по една брза акција на Англичаните поведоа со 1-0. По одличниот центаршут на Роџерс, заспаната аргентинска одбрана, заборави на Ентони Гордон кому не му беше тешко да го совлада Мартинез.
Тоа беше знак дека Аргентинците ќе притиснат многу повеќе кон голот на Англичаните, кои се решија да го бранат водство и згрешија.
Лионел Меси го повлече својот тим и до крајот на натпреварот се играше пред голот на Пикфорд кој имаше повеќе фантастични интервенции. Се редеа шансите на Аргентинците, но никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на Пикфорд кој беше исклучително расположен.

Но, не беше семоќен Пикфорд, особено не во 85.минута кога Фернандез со фантастичен удар од 20-тина метри успеаја да ја погоди мрежата на Англија и да израмни на 1-1. На овој гол му претходеше одличното додавање на Меси.
А, инспирираниот Меси беше асистент и на вториот гол. Се играше втората минута од судиското дополнение кога Мек Алистер ја погоди стативата на Англичаните, топката дојде до Меси кој со одличен центаршут му овозможи на Лаутаро Мартинез да постигне гол за победа со 2-1.
Англичаните и по 60 години ќе кора да почекаат на своето второ финале. Аргентина пак ќе се обиде да ја одбрани титулата и тоа во неделното финале во кое за противник ќе го има евроипскиот шампион Шпанија.
Ден порано, (сабота) за бронзениот медал ќе се борат Франција и Англија.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)




































