Одбојкарите на УГД Штип како актуелни прваци на Македонија, претстојната сезона, ќе играат во елитната ЦЕВ Лига на шампиони.
Штипјани на стартот на своето деби ќе имаат тешка задача, во првата рунда од квалификациите за шампионската лига. УГД Штип денеска го дозна противникот, а тоа е холандскиот претставник Орион Старс.
Првиот натпревар нашиот првак ќе го игра на гостински терен, во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Македонија (27-29 октомври).
Доколку УГД Штип успее да ја мине првата пречка, тогаш во втората рунда ќе се соочи со словенечката екипа АЦХ Волеј Љубљана. Против нив, првиот меч македонскиот шампионот би го игра на домашен терен (3 – 5 ноември). Реваншот во Љубљана од 10-12 ноември.

































