Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден рок. Тој денеска официјално стави потпис на договорот со макеоднскиот шампион.

Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната.

Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година. Потоа направи трансфер во Промо, каде што бележеше просек од 13 поени и 7,4 скока по натпревар. Минатата сезона ја мина во дресот на словенечкиот прволигаш Златорог Лашко. Таму имаше одличен учинок со просек од 12,5 поени и 7,1 скок.

Емир е вториот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, во која аеродромци ќе играта на три фронта, ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига. Претходно сино-белите го ангажираа репрезентативниот бек Лука Стојановски кој шпо три години минати во Пелистер, се враќа во Аеродром.

Следете нé на социјалните мрежи