Центарот на Минесота, Руди Гобер предизвика голем инцидент на натпреварот против Њу Орлеанс.
Имено, на вчерашниот дуел во „Таргет“ арената, за време на тајмаутот, Гобер се скара со соиграчот Кајл Андерсон, а потоа и физички го нападна.
Останатите играчи реагираа и ја смирија ситуацијата, но извесно е дека францускиот центар ќе се соочи со жестока казна – и од клубот и од НБА лигата.
Кошаркарите на Минесота се подготвуваат за плејофот во НБА лигата, а очигледно атмосферата во тимот воопшто не е пријателска.
Марио Петровски