Ракометарите на Вардар со победата над Пролет со 25:18 во 8.коло од Супер лигата плеј оф се вратија на првото место со ист број бодови колку и Еурофарм Пелистер, но со подобра гол разлика. Тримфот беше најавен уште од самиот почеток на дуелот, а „црвено-црните“ веќе во финишот на првиот дел имаа двоцифрено водство, додека по 30 минути игра беше 7:16.

И почетокот на вториот дел мина во знакот на Вардар, кој со серија од 4-0 дојде и до највисокто водство од 20:7. До крајот на натпреварот домашниот тим беше подобар на теренот и направи серија од 11:5 за конечни 25:18.

Јан Чувара од Вардар со 8 голови беше најефикасен на дуелот.

Во последниот натпревар од колото од 20 часот во салата Автокоманда играат Алкалоид и Тиквеш.