Откако во претходното коло го победија  актуелниот шампион Шкупи, оваа раунда екипата на Скопје успеа да остане непоразен и со лидерот на табелата. Струга дојде до планираното водство уште во првото полувреме, меѓутоа Скопје не се предаде и во 87-та минута успеа да израмни и да остане непоразен.

Шкупи имаше лесна задача со аутсајдерот Победа и во Прилеп ја декласираше со високи 0:6, а со тоа ја поправи и својата ефикаснот која недостигаше на претходниот натпревар.

Тиквеш во Кавдарци одигра одигра само 0:0 со екипата на Силекс, а со тоа кавадарчани ја продолжуваат серијата без победа во новата полусезона.
Брегалница успеа да ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров со 2:1 и ги продолжи позитивните резултати на домашен терен.

Во Струмица, на натпревари со многу шанси и добра игра недостигаа погодоци, па така екипите на Академија Пандев и Работнички ги поделија бодовите.

ПРВА ЛИГА 26.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СКОПЈЕ – СТРУГА Т.Л. 1-1
ТИКВЕШ – СИЛЕКС  0-0
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.  2-1
ПОБЕДА – ШКУПИ  0-6
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ  0-0
слободна е екипата на ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 50 бодови, Шкупи 45, Шкендија 45, Силекс 39, Брегалница 36…