По поразот од Нант во полуфиналето на Купот на Франција, екипата на Лион со пресврт и победа од 3:1 против Рен остана во трката за пласман во Европските натпреварувања.
Натпреварот не започна добро за Лион, бидејќи избраниците на Бруно Женесио поведоа уште во 11-та минута по прекрасната соло акција и брилијантниот погодок на Амин Гуири.
Домаќините израмнија на 1:1 во 60-та минута со „проектилот“ на Корентан Толисо. Пресвртот на Лион за 2:1 беше дело на Александр Лаказет во 68-та минута по одличното нафрлување со надворешно ефе на Жоан Лепенан.
Конечните 3:1 за Лион ги постави Бредли Баркола во 79-та минута по асистенција на Рајан Шерки.
Четата на Лоран Блан во следното коло му гостува на Тулуз, додека екипата на Рен на домашен терен го пречекува Ремс.