Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево се играат натпреварите од 26-тото коло.

Откако минатата недела фудбалерите на Скопје направија големо изненадување совладувајќи го актуелниот првак Шкупи и тоа на гостински терен, денеска тимот од Автокоманда кој се боди за опстанок е пред нов предизвик.

Составот на Скопје ја пречекува водечката екипа на табелата Струга Трим Лум која пак ќе се обиде со победа дополнително да создаде предност во однос на конкурентите за титулата.

Имено второ пласираната Шкендија која заостанува пет бода зад Стружани, во оваа рунда е слободна, а Шкупи пак гостува во Прилеп.

ПРВА ЛИГА 26.КОЛО
СКОПЈЕ – СТРУГА Т.Л. од 15 часот
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
ПОБЕДА – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
слободна е  екипата на ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА
1 СТРУГА ТРИМ ЛУМ 49 бодови
2 ШКЕНДИЈА 44
3 ШКУПИ 42
4 СИЛЕКС 38
5 БРЕГАЛНИЦА 33
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 32
7 ТИКВЕШ 29
8 РАБОТНИЧКИ 24
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 20
10 СКОПЈЕ 17
11 ПОБЕДА 13