Ракометната Супер лига, денеска ни нуди два натпревари.
Првиот точно напладне (12 часот) е дуелот меѓу Пролет Тинекс и Вардар, меч во кој шампионат важи за апсолутен фаворит и во кој црвено-црните несмеат да си дозволат нов „кикс“ како што тоа беше случај во дуелот со Алкалоид во минатото коло кога загубија.
Вардарци мораат да победат и да се израмнат со конкурентот за титулата Еурофарм Пелистер кој вчера си ја заврши работата и победи во дуелот со Бутел, па сега Битолчани имаат три бодови повеќе од Вардар.
Вториот натпревар ќе се игра во Автокоманда, каде „забревтаниот“ Алкалоид ќе се обиде да ја продолжи победничката низа која во моментов брои седум натпревари. Сепак задачата нема да биде нималку лесна. Гостува кавадаречки Тиквеш тим кој годинава игра одлично, кој малку недостасуваше во минатото коло да направи изненадување во дуелот со пелистерци.
Дека треба да очекуваме интересен натпревар во Автокоманда говори и последната меѓусебна пресметка на овие две екипи одиграна во Кавадарци, пред речиси два месеци, која по голема борба заврши со нерешен резултат и тоа со гол во завршните секунди.
Како ќе биде на денешниот дуел што започнува до 20 часот останува да видиме.