Македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ја промовираше својата биографска книга „Секогаш на врвот“.
Книгата е напишана од еден од доајените на македонското спортско новинарство Златко Калински.
Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговата работа како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет.
Голем број на легендарни спортисти и спортски работници, поранешни и сегашни, беа дел од свеченоста. Специјална гостинка на промоцијата беше претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.






























