Кошаркарите на Њујорк Никс се првите кои обезбедија пласман во големото НБА финале.
Ова откако Никси со максимални 4:0 в0о победи го добија финалето во Источната конференција против Кливленд. До тринаесеттата последователна радост во низа Никси дојдоа ноќеска та теренот на Кавалирс кого го совладаа со 130:93.
Џејлен Брансон беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на финалето на Источната конференција, а во последниот натпревар постигна 15 поени. Карл-Ентони Таунс со 19 поени и 14 скока, додека ОГ Ануноби додаде 17.
Така по пауза од 27 години тимот на Њујорк ќе има шанса да се бори за шампионскиот трофеј, за кој сонува од 1973 година.



































