Екипата на Водно Санс е шестиот патник во плејофот на Втората машка кошаркарска лига.
Ова откако попладнево кошаркарите на Водно Санс со одлична игра во вториот дел го совладаа тимот на Ангели и стигнаа до 12-тата победа, со кој го обезбедија својот пласман во плејофот.
Вистинска драма се одигра во Велес, каде по голема борба и дури две продолжени екипата на Шкупи славеше во дуелот со веќе „отпишаниот“ од плејоф Борец, па чаирчани сега имаат 11 победи, и се на делба на позициите 7, 8 и 9 со тимовите на Охрид и МЗТ Скопје У.Б.
Така утрешните средби на Охрид кој важи за фаворит против Баскет Кам кој заедно со Струга кои следната сезона се селат во понизок ранг, а пред се средбата во „Кале“ меѓу лидерот Вардар и МЗТ Скопје 2, ќе решат кои ќе бидат последните два тима што ќе се пласираат во четвртфиналето.
Ако Охрид ја оправда фаворитската улога, тогаш сигурно ќе меѓу осумте најдобри, па МЗТ сам ќе си решава за судбината. Единствена опција за помладиот состав на аеродромци е победа над Вардар со која Шкупи би бил тимот што би „извисил“.
Има и теоретски варијанти трите тима да завршат со ист „скор“, па во таква ситуација ќе се направи „мини табела“ со нивните меѓусебни дуели, што ќе решава кој ќе игра во плејофот.
Сигурни учесници во разигрувањето се: Вардар, Работнички, Соколи, Ангели, Водно Санс и Куманово.
ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22 коло
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ 70-65
АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 74-86
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 98-102 (по продолженија)
НЕДЕЛА
13.00 ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО
14.00 ОХРИД – БАСКЕТ КАМ
17.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
# | ТАБЕЛА | БОД | НАТ | ПОБ | ПОР |
1 | ВАРДАР | 38 | 21 | 17 | 4 |
2 | СОКОЛИ | 38 | 22 | 16 | 6 |
3 | РАБОТНИЧКИ | 38 | 22 | 16 | 6 |
4 | АНГЕЛИ | 36 | 22 | 14 | 8 |
5 | ВОДНО САНС | 34 | 22 | 12 | 10 |
6 | МКК КУМАНОВО | 33 | 21 | 12 | 9 |
7 | ШКУПИ | 33 | 22 | 11 | 11 |
8 | ГКК ОХРИД | 32 | 21 | 11 | 10 |
9 | МЗТ СКОПЈЕ У.Б. | 31 | 21 | 10 | 11 |
10 | БОРЕЦ БАСКЕТ | 29 | 22 | 7 | 15 |
11 | БАСКЕТ КАМ | 24 | 21 | 3 | 18 |
12 | ЦРН ДРИМ | 21 | 21 | 0 | 21 |