Ракометарите на Охрид со победа од еден гол разлика се враќаат од гостувањето во Унгарија кај Татабања.

Охриѓани го добија првиот меч финале на ЕХФ Европскиот Куп со 29-28, со што најавија спектакл во недела во својата сала Биљанини Извори во реваншот.

Каква ќе биде атмосферата таму најдобро му е познато на Филип Талевски кој сега го носи дресот на унгарскиот тим.

Реванш натпреварот во „Биљанини Извори“ ќе се игра во недела (31 мај) во терминот од 19 часот. Картите за овој натпревар се веќе одамна распродадени.

Следете нé на социјалните мрежи