Ништо ново кога во прашање е македонската кошарка. Уште една сезона., екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја заокружува со двојка „круна“. По освоениот трофеј во Купот. тимот на МЗТ Скопје го одбрани и шампионскиот примат.

Аеродромци со максимални 3:0 во победи ја добија финалната серија со екипата на Маџари, откако вечерва славеа со 80-74.

Првата четвртина ја добија домаќините со 26-21, но во втората шампионот беше многу подобар (16-26). Затоа на паузата меѓу двете полувремиња, МЗТ замина предност од четири поени (42-46).

Во второто полувреме, односно, третиот квартал, најмногу што МЗТ направи предност беше осум поени. Домашниот состав не се откажа, па во последните пет минути се влезе со израмнети 66-66. Но, немаа сили избраниците на Тодоровиќ за комплетен пресврт. До крајот искусниот на кошаркарите на МЗТ дојде до израз, па сино-белите на крајот славеа со шест поени разлика.

За МЗТ Скопје, за кој ова беше деветнаесетто финале, тоа е вкупно 13-та шампионска титула, а седма во низа.