Ракометарките на Куманово во 26. коло од женската ракометна Супер лига славеа победа над Спартак во неизвесен и борбен натпревар.
Натпреварот започна израмнето, а двете екипи се менуваа во водство во првите минути. Куманово во 12. минута успеа да се одлепи на 10:8 и во продолжението ја одржуваше таа предност. Спартак не се предаваше и во 17. минута израмни на 13:13, но домашниот тим веднаш возврати со серија од 2-0 за ново водство од 17:15. До крајот на првото полувреме се водеше голема борба, а екипите на пауза заминаа со нерешени 20:20.
Во второто полувреме Куманово повторно ја презеде контролата над резултатот. Во 38. минута, со серија од 5-0, кумановки стигнаа до предност од 26:22. Спартак се обидуваше да се врати во натпреварот, но домаќинките сигурно ја одржуваа разликата. Во 45. минута Куманово дојде и до највисоки +5 (30:25), по што до самиот крај немаше поголеми промени во резултатот. Крсјмиот резултат беше 37:32.
Најефикасни во редовите на Куманово беа Азеведо со 13 и Нестороска со 9 погодоци, додека кај Спартак се истакна Николовска со 12 гола.
Ивона Кимовска


































