Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го објави списокот за двата контролни натпревари. Македонија, Светското првенство ќе го гледа на телевизија, наместо да учествува, па репрезентацијата ќе биде спаринг партнер на оние што ќе играат на Мундијалот.

Македонските фудбалери ќе одиграа два контролни натпревари и тоа на гостински терен. На првиот во Сараево ќе и гостуваме на Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево, а потоа на 1 јуни во Истанбул ќе играат против Турција.

Седлоски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари. Како што истакна селекторот, поради неколку откажувања, а со сакајќи да испроба нови фудбалери, Седлоски од домашното првенство повика седуммина фудбалри.

И не никакво изненадување што на овој список се наоѓа и синот на актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, вардаровиот капитен Азер. Тој е еден од петмината дебитанти (Аломеровиќ, Јанкулов, Анѓелески, Додев).

Покрај него има уште неколку нови имиња на списокот од 27 на Седлоски.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 25. мај во хотел „Хилтон“ во Скопје.