Ракометарите на шампионот Еурофарм Пелистер остварија победа од 25:22 на гостувањето во Охрид во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата. На овој начин битолчани им се реваншираа на охриѓани за поразот на домашен терен и на тој начин се вратија на второто место на табелата. Двете екипи имаат по 50 бодови, но битолчани подобар меѓусебен скор.
По изедначениот почеток и 2:2, гостите од Битола предводени од расположениот репрезентативен голман Никола Митревски поведоа и постојано ја зголемуваа предноста, која на полувреме беше 16:10.
Во 41.минута Еурофарм Пелистер поведе со 20:12 за највисоки +8. До крајот на натпреварот домашниот тим успеа да намали на 19:23 (57.минута) откако пет минути двете екипи не постигнаа гол. Во овој период Митревски повторно имаше неколку клучни одбрани.
Најдобар поединец на натпреварот беше голманот Никола Митревски со 16 одбрани.
Од ова коло во петок Вардар ја пречекува екипата на Тиквеш, додека Алкалоид в сабота е домаќин на Бутел.
Во последната рунда овие две екипи играат Е.Пелистер на домашен терен со Алкалоид, а Охрид гостува кај Тиквеш




























