Екипите на Силекс и Шкендија утре во Скопје ќе го играат финалето во Купот на Македонија.

тетовци ја загубија шампионската титула, па сега ќе се обидат да стигнат до куп трофејот. Но, свои математики и амбиции имаа и фудбалерите на Силекс.

Тренерот Александар Васоски верува дека неговите избраници имаат капацитет да стигнат до посакуваниот успех. 

„За нас ова е натпревар на сезоната. Влогот е голем, носи настап на европската сцена. 

Можеби Шкендија е во мала предност, поради стекнатото искуство во европските купови сезонава.

Но, се игра еден натпревар, и очекувам дека ќе има добар фудбал, се подобриот да победи“, изјави Васоски.

За Силекс ова ќе биде шесто финале во Купот, во кое ќе атакува на четвртиот трофеј. Кратовци последен пат играа во финалето во 2021 година и го освоија пехарот по подобро изведување на пенали против АП Брера.

Утрешното финале на арената „Тодор Проевски“ ќе почне во терминот од 20 часот. 

Следете нé на социјалните мрежи