Тетовска Шкендија го загуби приматот првак на Македонија, па сега шанса за трофеј ќе бара во финалето на Купот.

Утре во Скопје, тетовци против Силекс ќе се обидат, куку толку, да ја да ја ублажат болката.

Тренерот Бетон Беќири ќе мора да најде мотив повеќе во редовите на неговите фудбалери, кои во сабота ќе треба да му се „поклонат“ на новиот шампион Вардар. 

„Улогата на влага фаворит ја прифаќаме, но знаеме дека нема да биде лесно. Силекс во текот на целата сезона покажа дека има одлична екипа.

Во секое финале шансите за успех се 50-50. Ако не излезеш на терен со голема желба да се надигруваш, тогаш нема што да бараш.

Наше е да го дадеме максимумот. Посакувам фер и коректен натпревар, со фер судење, а подобриот да победи. Сепак се надевам дека на крајот тоа ќе бидеме ние“, изјави Беќири. 

За Шкендија ова ќе биде петто финале во Купот. тетовци досега два пати успеаја да го освојат трофејот и тоа во 2016, 2018, а во последното 2020 загуби од Македонија Ѓорче Петров.

Утрешното финале на арената „Тодор Проевски“ ќе почне во терминот од 20 часот. 

Следете нé на социјалните мрежи