Спектакуларен вовед на финалето во Западната конференција понудија кошаркарите на Оклахома и Сан Антонио.

До важен триумф стигнаа гостите со победа од 122:115 и поведоа со 1:0 во серијата до четири добиени. Победникот беше решен дури по две одиграни продолженија.

Виктор Вембањама го предводеше победничкиот тим со моќен двоен учинок со 41 поен и 24 скока со кој влезе во историјата на НБА. На 22 години и 134 дена, Вембањама стана најмладиот играч со скор од 40-20 во плејофот, по легендарниот Карим Абдул-Џабар во 1970 година. 

Дилан Харпер исто така одигра клучна улога со 24 поени, 11 скока, шест асистенции и седум украдени топки. Стефон Касл ја заокружи вечерта со 17 поени и 11 асистенции, а тројца други соиграчи имаа двоцифрен број на поени.

Во таборот на Тандер, Алекс Карусо додаде 31 поен со осум тројки, а Џејлен Вилијамс се врати во тимот по пауза од шест натпревари и постигна 26 поени. МВП-то на сезоната Шаи Гилџус-Александар под своето ниво, особено во првото полувреме, во кое шутираше 1-5 од поле и постигна само четири поени. На крајот оствари дабл-дабл со 24 поени, 12 асистенции и пет украдени, но тоа не ги спаси шампионите од пораз.

И следниот натпревар ќе се игра во Оклахома во четврток. Ноќеска пак почнува финалето на Истокот во кои Њујорк е домаќин на Кливленд.