Во Првата македонска фудбалска лига, денеска на програмата се два нови натпревари од второто коло. Дуелите ќе се играат во два термини.

Во првиот од 17 часот на програмата е мечот во Куманово, каде Башкими ќе го пречека Тиквеш.

Во овој дуел двете екипи влегуваат со дијаметрално различни резултати од првото коло. Домаќините во воведниот натпревар на гостувањето во Кратово загубија од Силекс со 0-6. Кавадарчани пак, пред својата публика стартуваа со убедлива победа од 5-1 над Арсими. Затоа улогата на фаворит во денешниот дуел ќе ја има екипата на Тиквеш, но тоа ќе мора да го докаже на теренот.

Вториот денешен дуел ќе се игра во Штип во вечерниот термин од 19 часот.

Таму ќе играат Брегалница и Арсими. Повратникот во прволигашката конкуренција Брегалница сезоната ја почна со гостинскиот пораз кај шампионатот Вардар 0-2. Сепак, на тој натпревар штипјани пружија голем отпор, но и покажаа дека имаат тим кој може да се надева на добар пласман. Од друга страна Арсими ќе треба да се рехабилитира од дебаклот против Силекс.

За утре закажани се преостанатите два натпревари од оваа рунда, а дербито е во Скопје, каде шампионот Вардар ќе го пречека вицепрвакот Шкендија.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање