Фудбалерите на Вардар по елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите ја продолжуваат европската авантура во Конференциската лига.
Вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар го дочекуваат тимот на Рига од Латвија.
Скопските црвено-црни пред домашните навивачи ќе бркаат позитивен резултат во овој прв меч од второто квалификациско коло. Летонскиот претставник е исклучително опасен ривал со редовно учество во квалификациите на УЕФА. Сепак, поддршката од верната публика во Скопје ќе биде главниот адут за тимот на Вардар.
Главната судиска тројка на овој дуел доаѓа од Малта, предводена од Филип Фаруџија.
Почетниот удар е закажан за 20 часот, а реванш средбата се игра за една недела во Рига.































