Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар не успеа со победа да го прослави 79-тиот роденден на клубот, напротив. Во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига, Вардар вечерва загуби од летонската Рига со 2-3.
Првата голема шанса за гол ја има м гостите од Летонија кога во 13.минута Орландо Гало погоди гредата од вардаровиот гол.
Во својата прва поголема шанса вардарци успеа и да постигнат гол. Си играше 28.минута кога по брзата акција од левата страна, Диего Кастењефда го најде патот до мрежата на летонската екипа, за водство од 1-0.
Радоста на вардарци и нивните малубројни навивачи присутни на денешниот натпревар, не траеше долго.
Рига само четири минути го сврте резултатот во своја полза
Во 35.минута по ударот со глава на Гало, вардаровиот голман Талески лошо интервенираше и топката од неговите раце, заврши во вардаровата мрежа. Веќе во 39-минута лошата реакција на вардаровата одбрана ја казни Игало Сикуера за водство на противникот од 1-2.
И на стартот на вториот дел, Вардар не успеа да наметне својата игра. Безидејно делуваа сите обиди на црвено-црните да го загрозат противничкиот гол и да го израмнат резултатот. Напротив. Гостите од Летонија беа поблиску до трет гол, но во 58-минута Талевски со добра интервенција не го дозволи тоа.
Така беше се до влегувањето во игра на Закариќ кој ги размрда останатите вардарови фудбалери. Се играше 66.минута кога Закариќ нафрли во шеснаесетникот на Рига, а Родригез се најде на вистинското место и погоди за израмнување на 2-2.
Дека летонската екипа знае што сака во овој меч, покажа и во продолжението. Во 82.минута со својот втор гол, Бразилецот. Сикуера повторно му донесе посредност на томот на Рига со 2-3. Тој резултат остана и до крајот на натпреварот.
Така вардарци не успеаја да ги почестат своите навивачи „Комити“, со победа за 79-тиот роденден на клубот, напротив со спуштени глави го напуштија теренот.
Реванш. натпреварот во Рига ќе се игра на 28 јули (вторник) од 19 часот.
Подесување дека утре својот прв меч од втората квалификациска рунда, ќе го игра тетовска Шкендија, која ќе гостува во Љубљана кај тимот на Браво.































