Младинската машка репрезентација на Македонија забележа четвртата победа на Европскиот шампионат за кошаркари до 20 години.
По Азербејџан и Грузија, до третиот последователен триумф, македонските младинци стигнаа во дуелот против Холандија.
Во дуелот за разигравањето за пласманот 9 до 12 место, Македонија убедливо е победи Холандија со 29 поени разлика.
Иако противникот го доби првиот квартал се седум поени разлика, сепак во вториот жолто-црвените одиграа фантастично. Македонските кадети ја добија четвртината со 32-11, па на одмор заминаа со убедлива предност од 14 поени.
Во ист ритам се одиграа и следните два периоди од второто полувреме. Затоа беше и најубедливата предност од 31 поени разлики. На крајот македонските кошаркари славеа со конечни 89-60 .
Четворица македонски репрезентативци натпреварот го завршија со двоцифрен број поени, а најмногу 18 постигна Коста Кириловски.
Ова беше вкупно четвртата победа за нашиот младински состав, кој шампионатот го почна со триумф против домаќинот Словачка.
Така во последниот натпревар, на првенството, што инаку е во рамките од ,,Б” визијата, Македонија утре ќе игра за деветтата позиција. Протеините нашите младинци ќе биде подобриот од дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Азербејџан.




























