Екипата на Спартак продолжува да го засилува „ростерот“ за новата сезона. Најново име во редовите на клубот е хрватската ракометарка Петра Јершек.
Станува збор за искусна интернационалка која добро го познава македонскиот ракомет, бидејќи во минатото настапуваше за Ѓорче Петров и Металург, оставајќи забележителен белег во домашното првенство. Во својата кариера има настапувано и во повеќе европски клубови, стекнувајќи драгоцено меѓународно искуство.
Со своето искуство, лидерски квалитети и ракометно знаење, Јершек ќе биде значајно засилување за составот на Спартак. Во клубот очекуваат таа брзо да се вклопи во тимот и да даде важен придонес во исполнувањето на амбициите во претстојната сезона.
Покрај ангажманот на Јершек, Спартак претходно го назначи Симе Симевски за нов шеф на стручниот штаб, додека Таида Беровиќ беше промовирана како едно од првите засилувања за новата натпреварувачка сезона.
Ивона Кимовска





































