Екипата на тетовска Шкендија минатата година дотурка далеку на европската сцена. Тие гостуваат на Гибралтар, кај екипата на Европа во првото квалификациско коло на Конференциската лига.

Ова ќе биде официјално деби на новиот тренер, Артим Положани, на кормилото на тетовци.

„Минатата година клубот постигна извонреден успех во Европа. Но, тој успех сега е минато и секако ќе се обидеме да одиме  далеку и оваа година, бидејќи потенцијалот постои.

Мислам дека со максимален пристап и посветеност, од почеток до крај, можеме да одиме далеку.

Секако, мора да дадеме сè од себе, бидејќи во европските купови нема лесни противници. Што се однесува до резултатот, тренерот на Шкендија секогаш треба да биде задоволен само со победи. Свесни сме дека нема да биде лесно, но главната цел останува победата“, изјави Положани.

Тимот доаѓа целосно подготвен по интензивната фаза на тренинг што се одржа во текот на летото во Словенија. Себастијан Спахиу е единствениот играч со проблеми со повреда и неговиот настап останува под знак прашалник.

Ова ќе биде 70-ти официјален настап на Шкендија во Европските купови. Сезонава за Шкендија е 15-та на европската сцена, на кој настапуваат 13 во низа.

Натпреварот меѓу Европа и Шкендија ќе почне во терминот од 19:30 часот. Покрај тетовци, македонска претставник во ова натпреварување е и тимот на Силекс. Кратовци за противник го имаат белорускиот Динамо Минск.

Следете нé на социјалните мрежи