Раководните луѓе од Фудбалската федерација на Македонија денеска имаа средба со новинарите. Тие одговараа на бројни прашања, поврзани со минатото тековни првенство, идните планови, натпреварувачки и организациски кои ќе ги има ФФМ.
Не само на сениорските натпреварувања, се говореше и за младинските категории, но и случувањата во репрезентацијата. Селекторот Гоце Седлоски запрашан за досега сработеното и неговите планови, без конкретен одговор.
„Тоа се играчите кои ги имаме на располагање. Во претходните натпревари, посебно последните два со БиХ и Турција, повика и им дадов шанса на многу играчи.
Сега имам подобар увид во тоа што тие може да понудат. Изборот е тој, но сега сум послободен, не сум тренер во Вардар и ќе можам повеќе да ги следам нивните настапи, како и на оние во помладите категории“, изјави Седлоски.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека е презадоволен од досега сработеното и начинот на кој мина првенствената сезона.
„Мислам дека имавме најдобро организирано првенство до сега. Гледајќи ги шампионатите во околните земји, ние имавме најдобро првенство.
Секогаш имало и ќе има реакции од одредени клубови, но тоа нема да не поколеба во тоа како треба да продолжиме“, истакна Омерагиќ.
Тој потврди и дека ФИФА и УЕФА алармирано за повеќе првенствени натпревари дека се под сомнение дека биле наместени.
Ѓорѓи Христов кој ја има улогата на координатор на младинските селекции, се пожали од влијание на поединци, градоначалници, политичари во овие категории.

































