Ракометарите на Хорид ја завршија сезоната на домашната сцена. Со денешниот натпревар одигран во „Биљанини Извори“ во кој како „гости“ го совлада Тиквеш 29-22, охриѓани сезоната ја завршуваат со 25 победи.

Од самиот старт на натпреварот фаворитот ја презеде контролата и поведе со 4-0. Се натаму беше едно смерен натпревар во кој избраниците на Ројевиќ лесно ја одржуваа и зголемија разликата. Четворица ракометари на Охрид натпреварот го завршија со по 4 постигнати голови, а најефикасен на натпреварот беше играчот на Тиквеш, Томче Стојановски со 10 голови.

Ова за тимот на Охрид беше „генерална проба“ пред неделниот реванш натпревар со Татабања. Охриѓани пред својата публика имаат историска шанса да го освојат првиот клупски трофеј и тоа во ЕХФ Европскиот куп. Охридските „гладијатори“ во тој дуел ќе влезат со минимална предност од еден гол остварена на првиот меч во Унгарија.

Историскиот дуел за ГРК Охрид е закажан во недела од 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи