Екипата на Силекс неодамна се израдува на трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија., Кратовци со тоа обезбедија настап на европската сцена, односно квалификациите за Конференциската лига.
Раководството на Силекс реши да ја продолжи соработката со тренерот Александар Васоски.
„ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим.
По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето“.
Васоски во Кратово дојде на полусезоната од натпреварувачката 2023/2024. Поранешниот македонски репрезентативец, претходно како тренер го водеше екипите на Вардар, Сараево и во два наврати АП Брера.



































