Сабота, 23 мај, ќе биде резервиран на домашпнатра спортска сцена, за „црвено-црната“ армија на вардаровиот споретски колектив.

Вардаровите фудбалерите по пауза од шест години, а ракометарите по четири, ги освоија трофеите шампиони на Македонија.

Двата клуба за во сабота планираа прослави на освоените трофеи, но очигледно, не се договориле добро.

Така фудбалерите по натпреварот со Шканија околу 20 часот ќе ја пшочнат прославата во Градскиот парк кај „Школка“.

Само триесет минути подоцна и ракометниот колектив на Вардар ја почнува својата прослава. Ова денеска на својот официјален Фејсбук профил го потврдија од РК Вардар. Ракометарите беа најавени на прославата на фудбалерите, но нема да бидат дел од општата црвено-црна веселба.

Почитувана јавност

АД Ракометен Клуб Вардар 1961 имаше исклучително успешна сезона во која ги обедини титулите во Македонија и имаше успешен настап во Европа. Горди сме што овие успеси ги постигнавме пред полни сали и го привлековме вниманието на целокупната спортска јавност.
Овие успеси немаше да бидат возможни без нашите навивачи, но и нашите спонзори, партнери и пријатели.
По тој повод пред извесен период ние веќе го дефиниравме датумот и ги испративме поканите за нашата прослава на која ќе присуствуваат сите играчи, членови на стручниот штаб, раководството на клубот, спонзори и ВИП личности.

Прославата ќе биде одржана на 23 Мај (сабота) со почеток во 20:30 часот, па не би можеле да присуствуваме на прославата која ќе биде организирана од страна на ФК Вардар, а на која беше најавено нашето присуство.

На нашите колеги од ФК Вардар им ја честитаме титулата и им посакуваме успешен настап во Европа.

Со почит,
АД Ракометен Клуб Вардар 1961

Така навивачите на вардраци „комитите“ очигледно ќче мораат да одберат што и каде ќе слават или од едно да брзаат на друго место.

Народната вели „Договор куќа гради“.