Фудбалерите на Арсенал се на многу мал чекор да ја освојат шампионската титула во Премиер лигата.
Ова откако вечерва популарните „топчии“ во натпоревар од претпоследното коло го совладаа Барнли со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот Германецот, Каи Хаверц во 37-мата минута. Трите освоени бодови сега им носат предност од пет бода во однос на Манчестер Сити кој е втор.
Тимот на Манчестер утре против Борнемут ќе го играат својот претпоследен натпревар. Евентуален неуспех односно ако Сити не победи, на Арсенал ќе им гарантира титула на коло пред крајот.
Во спротивно триумф на „граѓаните“ ќе значи конечна разврска на шампионската титула во последната рунда закажана за во недела. Тогаш арсенал ќе гостува кај Кристал Палас, а Сити ќе биде домаќин на Астон Вила.
Инаку тимот на Арсенал кој има вкупно 13 титули (само три во модерната Премиер лига), а веќе 22 години чека на ново славје. Последниот шампионски трофеј Арсенал го освои во сезоната 2003/2004 година која ја завршија без пораз.
































