Само три дена по завршувањето на лигашкиот дел, денеска почнува битката за шампионскиот трофеј во кошаркарското првенство на Македонија.
Останаа четирите тима што обезбедија пласман во полуфиналната рунда од плејофот.
Екипата на ТФТ како прво рангирана ќе ја има предноста на домашниот терен. Составот од скопската населба Тафталиџе за противник ќе го има дебитантот и непријатно изненадување тимот на Маџари.
Трите овосезонски соочувања ги добија кошаркарите на ТФТ, а последното пред осум дена. Тој дуел црна-белите го решија во своја полза со три поени разлика, како и првиот сезонава. Тоа најавува дека може да очекуваме интересни и неизвесна кошарка во нивните меѓусебни дуели. Воедно тренерот на ТФТ, Боро Смилковски, ќе мора да размислува и како да ги сочува силите за баражот во АБА-1 лигата. Меѓу првиот (денешниот) и вториот меч (реваншот) со Маџари, ТФТ ќе ги игра дуелите против српскиот Борац Чачак.
Потсетување дека полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари. Во второто полуфинале ќе играат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.
Денешниот дуел меѓу ТФТ и Маџари ќе почне од 20 часот, а ќе можете ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.
































