Со двата денешни натпревари одиграни во Гостивар и Струмица комплетирано е 27.коло во Првата лига.
На првиот екипата на Арсими со голот на Дардишта во 44-тата минута, славеше триумф над битолски Пелистер со 1-0.
На натпреварот во Струмица, АП Брера и Македонија Ѓорче Петрови одиграа без победник 1-1.
На почетокот на вториот дел (57,минута), со голот на Ајдоган гостите од Скопје израмнија на 1-1.
Ова беа натпревари на екипи од долниот дел на табелата кои се борат за опстанок. Арсими е седми со 35, АП Брера е осма со 33 бодови. Екипите на Работнички и Македонија ЃП имаат по 25 односно 24 бодови и се во зоната за испаѓање, само пред веќе отпишаниот Шкупи.
ПРВА ЛИГА – 27 КОЛО
комплетни резултати
АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР 1-0
АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 1-1
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0
СИЛЕКС – БАШКИМИ 1-0
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 6-0
СТРУГА Т.Л. – ТИКВЕШ 1-2





































